Санкционирани се 193 возачи за брзо возење при засилена акциска контрола на територијата на државата во текот на вчерашниот ден.

– Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место, се вели во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.