Разговори за соработка, реформи и недостиг на ресурси
Јавниот обвинител Ненад Савески одржа средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, на која беа разгледани билатералната соработка и поддршката што Италија ја дава во областа на владеењето на правото.
Од Јавното обвинителство информираат дека на состанокот се разговарало и за актуелните предизвици со кои се соочува институцијата, како и за реформските обврски.
„Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за владеењето на правото“, стои во соопштението.
Италија со поддршка за институционални проекти
Италијанскиот амбасадор ги презентирал досегашните активности, меѓу кои и меморандуми за соработка во борбата против еколошкиот криминал и заштитата на културното наследство.
На средбата биле отворени и прашања поврзани со недостигот од јавни обвинители, како и потребата од дополнителни ресурси за поефикасна работа.
„Савески и Палминтери се согласија дека од стабилноста и сигурноста на овој регион зависи и европската стабилност, бидејќи криминалните мрежи се поврзани меѓу себе“, велат од Обвинителството.
Заедничка заложба за реформи
Од двете страни било нагласено дека Италија останува подготвена да ја продолжи и засили поддршката, со цел унапредување на владеењето на правото, кое се оценува како клучен сегмент во процесот на европска интеграција
