Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар. Поради разумот на мнозинството не дозволиме во македонското Собрание да се реализира смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави, се вели во соопштението од СДСМ.
– На еден многу лош начин граѓаните видоа што значат сценаријата на Левица. Ова што денеска го гледаат граѓаните е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица кон институцијата Собрание е однос кон државата, денес компјутерот во Собрание утре народот. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица да успеат – велат од СДСМ.