Правото за покренување иницијатива за референдум е легитимно и загарантирано со Уставот, велат од партијата, но, според нив, ова е уште еден апсурден обид за блокада на реформа која е исклучително значајна за целокупниот образовен процес

– Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е во согласност со европските практики, но и времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат. Етапната дигитализација на наставниот процес која се воведува со ова законско решение ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност, со оглед дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Истовремено, ниту еден ученик нема да остане без печатен учебник кој ќе може да го добие доколку има потреба од него, велат од СДСМ.

Тие обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го урнисува образованието преку погубните политики, ги манипулира наставниците и професорите.