– Државата конечно ќе добие релевантни и сеопфатни податоци кои ќе го олеснат креирањето на корисни политики за економски, социјален и образовен развој на државата. Пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот. Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки, се додава во партиското соопштение.
Оттаму посочуваат дека непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април.
Партијата ги повикува сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот.
– Од друга страна, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни. Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело. Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата, велат од СДСМ.