На прес конференција, СДСМ обвини дека тв водителката Анастасија Илиеска (сопругата на водителот Богдан Илиески-Бетмен Велит) е назначена за нов член на тело во МЕПСО и дека таа заедно со синот на претседателот Ѓорге Иванов (Иван Иванов) се назначени да вршат надзор во државнта енрегтската компанија.
Но, по проверките кои ги направи Телма, излезе дека станува збор за луѓе кои имаат исти лични податоци но различни идентитети со роднините на двете спомнати личности меѓу кои и поранешниот претседател.
Двајцата, Анастасија Илиеска и Иван Иванов, нема да вршат надзор туку се дел од Управниот одбор на МЕПСО кој е назначен вчера.
Анастасија Илиеска е поранешен државен секретар во МВР и поранешна директорка на УЈП. Исто така е дел од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е назначена за член на Управниот одбор на енергетската компанија за финансии и менаџмент.
ВМРО-ДПМНЕ пак негираше и ја обвини СДСМ дека шири лажни вести затоа што ниту Иван Иванов не е синот на екс претседателот Ѓорге Иванов туку стручно лице
-Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
На прес конференцијата на СДСМ, пак портпаролката Богданка Кузеска посочи и дека новиот директор на МЕПСО е братучед на партиски лидер.
-Со назначувањето на првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи за директор на МЕПСО, имаме целосен непотизам за што бараме институциите итно да реагираат, рече Кузеска.
Оваа информација досега не е демантирана. СДСМ ја избриша информацијата од официјалниот партиски веб сајт, иако се уште стои на насловната страна фото и инфо.
Во соопштението на Министерството за транспорт и врски за смените во МЕПСО не беа посочени биографиите на новиот директор и на назначените членови на Управниот и на Надзорниот одбор и не е соопштено каква „енергетско“ искуство имаат избраните, поради што јавноста нема вистински увид во квалитетот на одлуката.
Министерството за транспорт и врски кое е единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.
Новиот Надзорен одбор на завчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.