„Таа партија предводена од Мицкоски знае само за лажни вести, блокади и деструкции. ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира.
Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.
Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите“, соопшти СДСМ.
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е истата партија на Груевски, знае само за лаги и блокади
С
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на Никола Груевски, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
