Врие од возила кон Грција: Гужви за влез и излез од Македонија
Викендов почна со гужви на граничните премини. Се чека и до два часа, колоните се протегаат со километри. Утрово, за излез од Македонија и влез во Грција, се чека и по два часа, предупредуваат возачите. Причината е зголемена фреквенција поради викендот, жешкото време и фактот што започнува последниот дел од јули. Овој период кога многумина го користат годишниот одмор.
На граничните премини Богородица и Дојран, рано утрово имаше приметен наплив на возила, при што доминираат регистарски таблички од Македонија, но не изостануваат ни туристите од Србија, Косово и поширокиот балкански регион.
Чекање на секој премин: Богородица, Дојран, Табановце
Според информациите на АМСМ, движењето на патиштата надвор од урбаните средини е значително засилено, што дополнително ги отежнува пристапите кон граничните премини.
„На Табановце во моментов се чека околу 35 минути“, информираат од АМСМ,
„На Дојран, пак, времето на чекање се движи од 15 до 25 минути“,
„Најкритично е на Богородица – каде за влез во Македонија се чека 15 минути, но за излез кон Грција се чека и до 45 минути“.
Сообраќајот е во застој, возачите се нервозни, а патувањето кон летните дестинации почнува со стрес и неизвесност.
Извор: МРТ