Се огласи Дрин Ахмети, на прашањата на МКД.мк за добиената концесија за изгдарба на хидро централа на Бачишка река, од компанијата на Дрин Ахмети, Тор индустрис, одговорија дека се работело за јавен тендер, дека договорот бил потпишан дури годинава и дека за планираната инвестиција од 1,2 милиони евра сѐ уште се бара соодветна финансиска конструкција.
На 27 јуни МКД.мк објави дека компанијата на внукот на Али Ахмети, Тор индустри освен концесија за варовник има концесија и за хидро централа. Во одговорите на Дрин Ахмети се вели дека тие ја добиле концесијата на јавен тендер за 27 хидро централи на Министерството за животна средина и просторно планирање. Концесијата за хидроелектрана на Бачишка Река била добиена во 2019 година, а договорот бил потпишан годинава.
„Повратот на инвестицијата е планиран за 8 години. Тендерот беше јавен и отворен. Нашата компанија ги исполни сите услови. За Бачишка Река немаше друга понуда освен нашата затоа што се работи за локација која не е ни толку голема ниту пак толку добра како другите локации. Во однос на планираната инвестиција од 1,2 милиони евра сѐ уште бараме како да ја обезбедиме финансиската конструкција за овој специфичен проект“, се вели во писмениот одговор на Тор индустрис.
Во сите четири компании на Дрин Ахмети има 30 вработени.
„Во 2021 годиа Тор индустрис (Thor Industries) немаше приходи, но истата година имаше значајна инвестиција. Во 2022 година оперативниот профит на Тор индустрис беше 367.943 евра. Компанијата Еверест ЏД имаше 5 милиони евра проценета вредност на концесија, а компанијата Потам плент (Potam Plant) со хидроенергетскиот проект во 2022 имаше проценета вредност на инвестиција од 400 илјади евра. Вредноста на средствата на Еверест ЏД и Тор индустрис е меѓу 7,5 и 8 милиони евра. Ангажирана е компанија за проценка на вредноста на средствата и наскоро ќе ја имаме и официјалната проценка за вредноста која веднаш ќе ја објавиме.
Партнерската фирма на Тор индустрис, албанската компанија Пе-вла-ку нема никаква врска со проектот Радика на брегот на Мавровското Езеро“, ги демантира компанијата некои од информациите што беа објавени по медиумите.