Иран: „Израелскиот прекин на огнот беше наметнат“
Се огласи и Иран за понудата од американскиот претседател, Доналд Трамп. Иранските државни медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал прекин на огнот откако Техеран извршил, како што го опишуваат, „успешен воен одговор“ на американската агресија. Според иранската државна телевизија, силната реакција на Иран го принудила Израел да прифати прекин на огнот, нарекувајќи го тоа „наметнато примирје“.
ТРАМП ШТОТУКУ ОБЈАВИ: Израел и Иран постигнаа договор за прекин на огнот
Телевизијата потсетува дека ден претходно, ирански сили извршиле напад врз американска воена база во Катар, како директен одговор на претходните американски напади врз иранските нуклеарни постројки. Иранската медиумска нарација тврди дека повикот на американскиот претседател за прекин на огнот „изгледал како молба“, што беше пренесено и од британскиот Sky News.
Трамп: „И Израел и Иран сакаа мир“
Од своја страна, Доналд Трамп даде сосема поинаква интерпретација на ситуацијата. На неговата платформа Truth Social, тој напиша:
„Истовремено ми се обратија и од Израел и од Иран со иста порака: ‘мир’. Тогаш ми беше јасно дека дојде време за прекин“, истакна Трамп.
Според него, иницијативата за прекин на огнот била одговор на зголемениот ризик од натамошна ескалација. Тоа не е резултат на притисок од ниту една страна.
Се чека официјална потврда за деталите
Во моментов, сè уште не постои официјална потврда за точните услови на договорот, ниту од САД, ниту од Израел или Иран. Разликите во наративите ги одразуваат геополитичките тензиите и медиумските стратегии кои секоја страна ги користи за домашна и меѓународна публика.