Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека бил застрелан со куршум во пределот на десното уво.
„Сакам да им се заблагодарам на Тајната служба на САД и на сите органи за спроведување на законот за нивната брза реакција на пукањето што штотуку се случи во Батлер, Пенсилванија. Што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое е тешко повредено. Неверојатно е дека таков чин може да се случи во нашата земја. Засега не се знае ништо за напаѓачот, кој сега е мртов. Бев застрелан со куршум кој го прободе горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред со тоа што слушнав истрели… Имаше многу крв, тогаш сфатив што се случува“.