Бел чад се појави од оџакот над Систинската капел.
133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа.
Тој наскоро ќе се појави на централниот прозорец на базиликата „Свети Петар“.
„Огромни овации од толпата додека се крева белиот чад, сите трчаат напред за да го видат.
Луѓето скокаат од радост, некои се молат кон небото. Еден пар од Грција вели дека тоа е „искуство што се случува еднаш во животот“, додавајќи дека ќе чекаат да го видат новиот папа како се појавува на балконот.
Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата безуспешна по првото гласање
Звукот овде е огромен, ѕвоната бијат толку гласно што одекнуваат низ плоштадот додека луѓето навиваат и врескаат од радост“, пишува Би Би Си.
Фото: Vatican media
Извор: Нетпрес