Голема потрага беше покрената во шумите во регионот Омск, 2.200 километри источно од Москва, откако Александер Мураховски напуштил ловна база со своето теренско возило во петокот. Тој сам излегол од шумата, при што стапил во контакт со жителите на селото Басли, објави РИА.

-Неговата состојба изгледаше нормално, но од претпазливост беше задржан во болница, соопштија властите.

Мураховски раководеше со болницата во Омск во која Навални беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. Тој тогаш кажа дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот.