Екипи на охридските јавни претпријатија започнаа активности за расчистување на речните корита, дивите депонии, одроните и другите критични точки на територијата на општината. Во работата е вклучена расположливата механизација.
Интервенциите ќе се спроведуваат на локациите што се проценети како ризични и создаваат проблеми при поинтензивни врнежи и зголемен водостој на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро.
Според градоначалникот Кирил Пецаков, активностите се важни за превенција од поплави и за подобрување на протокот на водата низ речните корита.
„Продолжуваме посветено да работиме за поубав Охрид“, објави Пецаков на својот профил на Фејсбук.
