Надлежните информираа дека никој не е повреден.
Компанијата „Флај Дубаи“ објави дека нејзиниот „Боинг 737-800“, кој требаше да лета за Киргистан, е оштетен во „помал инцидент“ и е принуден да се врати на почетната позиција.
Според информациите, патниците заминале шест часа подоцна со друг лет.
Компанијата посочува дека ќе соработува со властите во истрагата на инцидентот.
„Галф ер“, пак, објави дека авион на друга компанија удрил во опашката на еден од нејзините авиони.
„Галф Ер“ во моментот превезувал патници од Дубаи до меѓународниот аеродром во Бахреин.
Меѓународниот аеродром во Дубаи објави дека една од неговите писти била затворена два часа поради судирот, но распоредот на летовите не бил нарушен.