Во училиштата веќе се праќа допис дека Бирото за образование ги известило училиштата дека свидетелствата ќе бидат дополнително доставени и дека за точна дата и време учениците ќе бидат дополнително известени од одделенските наставници, односно класни раководители.
Според официјалниот одговор од Бирото за образование којшто го објавија медиумите, сведителствата ќе бидат поделени до крајот на учебната година.
-Имајќи предвид дека училиштата во вакви услови не можат да организираат настани за делење на свидетелства, ве известуваме дека оваа учебна година свидетелствата ќе им бидат дадени на учениците до крајот на оваа година, врз основа на член 138 став 5 од Законот за основно Образование, рекоа од Биро за развој на образованието.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков деновиве за медиумите изјави дека станува збор за проблем на државно ниво. Според неговите информации се работи за нереализирана тендерска постапка, односно дека има проблем кој ќе ги печати свидетелствата, односно тендерската постапка не е завршена.
Свидетелства добија само деветтооделенците и матурантите бидејќи им се потребни за упис во средно образование, односно на факултети тоа од стари залихи.