Чејс Харисон (11) вчера бил исклучен од апаратот што го одржувал во живот, три дена по несреќата.

Да потсетиме, во малото гратче Девонпорт во Тасманија, налетот на ветерот го подигна замокот на надувување на висина од околу 10 метри, по што падна.

„Девет ученици од 5-то и 6-то одделение во основното училиште Хилкрест паднаа од височина од околу 10 метри откако ветерот удри во замокот на надувување и го фрли 10 метри во воздух“, соопшти тасманската полиција.

Две деца останале во болница во критична состојба. Останатите петмина кои ги загубија животите се 11-годишниот Адисон Стјуарт и 12-годишните Зејн Мелор, Џеј Шихан, Џалаила Џејн-Мари Џонс и Питер Дод.

Едно повредено момче било пуштено од болница во средата. Се уште не е јасно како дошло до несреќата. Полицијата соопштила дека истражува дали замокот на надувување бил прикачен на земјата.

„Не сакаме да избрзуваме, но во исто време разбираме дека луѓето сакаат одговори“, рече вчера комесарот на полицијата на Тасманија, Дарен Хајн.

Полицајци од Нов Јужен Велс оваа недела ќе и дојдат на помош на тасманската полиција. Од полицијата велат дека на забавата на последниот ден од учебната година имало околу 40 луѓе, и деца и наставници.

„Најважно е да не се предвидува никаков исход додека не се соберат сите докази и не се заврши истрагата“, рече комесарот Хајн.

Трагедијата го уништи Девонпорт, град со помалку од 30.000 жители и ги шокираше Австралијците.

На интернет веќе се собрани повеќе од 1,3 милиони долари за семејствата на жртвите.