Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026

 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

– Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е поголем кај Данците. Респект за Данска, но и Македонија има мотив да одигра добро и да направи изненадување. Јас одлучив да не менувам многу што се однесува до играчкиот кадар. Ќе има неколку освежувања со неколку повратници во националниот тим, како и тројца дебитанти.

На 26 март македонската репрезентација ќе гостува во Копенхаген кај Данска. Доколку се забележи победа, „црвено-жолтите“ во финалето пет дена подоцна ќе се соочат со поуспешниот од дуелот Република Итрска – Чешка.

Седлоски денеска го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за овие дуели.

На списокот на Седлоски се и неколку новитети. Во селекцијата се враќаат, Љупчо Дориев, Егзон Бејтулаи и Бобан Николов. Нови имиња се, Колумбиецот, Себастијан Ерера од Борац Бања Лука, Дени Мисовски од американскиот Сиетл и Умрам Фетаи од Шкендија.

Собирот на репрезентацијата закажан за во понеделник (23 март) во Скопје, каде на теренот на ФФМ ќе се одработат мини подготовките.