Во Собранието денеска седници ќе одржат собраниските комисии за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет има шест точки меѓу кои и предлог законите за регулирање на обврските на Република Северна Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата нето кумулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на Одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр.76-1, за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, и за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на Патен коридор VIII – I фаза на проектот, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, трите по скратена постапка.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на на просторните податоци на Република Македонија и годишните извештаи за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2021 година, и за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.

Законодавно-правната комисија ќе разгледа осум законски решенија и две барања за давање на автентично толкување меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност има шест точки на денвен ред од кои две се предлог одлуки за испраќање на на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република и за испраќање на припадник за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.