Мината експлодирала додека возило се спуштало по пат во близина на историскиот град Палмира, го уништила возилото и ги убила сите патници, вклучувајќи две жени, дете и четири мажи, наведе Центарот чие седиште е во Велика Британија.
Експлозивите, што сите страни во конфликтот во Сирија ги оставиле низ полињата, веднаш до патиштата или дури и во згради, досега повредија илјадници цивили и убија уште стотици. Во 2020 година, регистрирани се 182 жртви на касетна муниција што е речиси половина од 360-те жртви во светот, се наведува во извештајот од неодамнешниот мониторинг на нагазните мини и касетната муниција (ICBL-CMC), истражувачка и надзорна филијала на Меѓународното движење за забрана на мини.
ICBL-CMC пријави вкупно 4.099 жртви на касетната муниција во Сирија, од кои 2.102 биле во напади и 1.997 од оставена касетна муниција.