Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да и помогнат на Украина да ги исполни своите тековни финансиски потреби, се вели во нацрт-комуникето што денеска го разгледа Ројтерс.
-Мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучително и 9,2 милијарди долари помош пред состанокот во Петерсберг, за да и помогнеме на Украина да го премости финансискиот јаз и да продолжи да обезбедува основни услуги за граѓаните, се вели во нацрт-законот на министрите за финансии и банкарите од Г7.
Тие се среќаваат денеска и утре во близина на Бон.