– Поддршката за НАТО во земјите-членки во просек е 62 процента, а 11 проценти од граѓаните би сакале нивната земја да ја напушти организацијата, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, презентирајќи го годишниот извештај.
Столтенберг истакна дека и покрај пандемијата, во 2020 година трошоците за НАТО продолжуваат да растат шеста година по ред. Тој изрази очекување дека и годинава ќе продолжи таквиот тренд.
Според извештајот, Бугарија во минатата година издвоила 1,6 проценти од бруто домашниот производ за одбрана, со цел во 2024 година да достигне до два отсто. Од вкупната сума, 19,2 проценти биле наменети за опрема, 56 отсто за трошоци за вработените, 18 проценти беа за активности и одржување и 6,9 проценти за инфраструктурата.