Најбогат човек на светот според листата на Форбс е основачот и главен директор на гигантот за онлајн продажба „Амазон“ Џеф Безос. Неговиот имот се проценува на надреални 117 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од лани.
Втор најбогат е Елон Маск, основач, главен директор и најголем акционер (21 отсто) на произведувачот автомобили „тесла“, сега тежок 151 милијарди долари, што е 126 милијарди повеќе од лани.
Трет најбогат човек на светот и најбогат европеец е Французинот Бернард Арнаулт чија семејна компанија LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton држи 70 елитни брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Живанши и Хенеси. Богатството на Арнаулт се зголеми за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.
Четврт најбогат на светот и втор најбогат европеес е Шпанецот Аманцио Ортега, сопственик на синџирот „Зара“, тежок 77 милијарди долари – 22 милијарди повеќе од 2020 година. Тој се наоѓа на 11 место на листата на „Форбс“.
А веднаш зад него е Французинката Бетенкот Мејес со фамилијата, ќерата и наследничка Лилијан Бетенкот која почина во 2017 година, која беше ќерка на Еуген Шулер, основачот на козметичкиот гигант L’Oreal. Таа е најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари што е за 24,7 милијарди повеќе од 2020 година.