Премиерот на Пакистан, Имран Кан се соочи со критики откако за порастот на сексуалното насилство во земјата ги обвини жените кои носат „многу малку облека“.
– Ако жената носи многу малку облека, тоа ќе има влијание, ќе влијае врз мажите, освен ако не се роботи. Мислам дека тоа е здрав разум, истакна Кан во интервју за Аксиос на Ејч-Би-О (Axios HBO) за време на викендот.
Кан, одговарајќи на новинарско прашање дали начинот на облекување на жената може да предизвика сексуално насилство, наведе дека тоа зависи од општеството.
– Ако живеете во општество во кое луѓето не навикнале да гледаат такви работи, тоа ќе влијае врз нив, истакна Кан.
Активистите за човекови права и од опозицијата побара извиинување од Кан.
Сексуално вознемирување и насилство врз жени не се реткост во Пакистан. Речиси илјада жени секоја година се самоубиваат поради „чест“ односно поради наводно кршење на конзервативните норми за љубовта и бракот.