Физичка пресметка меѓу двајца браќа и нивната мајка се случила синоќа во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари. На инцидентот му претходела вербална расправија, соопшти СВР Скопје.

Случајот бил пријавен во полицијата во 23:20 часот, а според пријавата, пресметката се случила околу 23 часот.

Во инцидентот учествувале двајца браќа на возраст од 26 и 20 години и нивната 46-годишна мајка, сите од Скопје.

Од СВР Скопје најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.