Сенаторите прашуваат и каква улога ќе има граѓанското општество во планирањето и спроведувањето на самитот, како и кои конкретни одговорности ќе ги преземе администрацијата за време на состанокот и што очекува од другите земји, јавува Гласот на Америка.

-Додека демократиите имаат многу облици, а некои земји имаат проблеми со консолидирање на демократските институции и практики, мора да ни биде јасно зошто ја повикавме секоја конкретна влада, наведуваат сенаторите, кои побараа од претседателот Бајден список со поканети земји и објаснување за критериумите по кои се поканети.

Потписниците на писмото до Бајден прашаа и каква улога предвидува претседателот за Конгресот на самитот, имајќи го предвид неговиот статус како гранка на власт која во американската дипломатија е рамна на извршната, односно владата. Тие изразија очекување дека членовите на Конгресот ќе учествуваат на самитот.

Тие, исто така, изразија очекување дека учесниците на самитот ќе разговараат за сегашните демократски системи, особено во период на падот на демократијата ширум светот, наведува Гласот на Америка.

-Претстојниот декемвриски Самит за демократија претставува значајна можност да ги поддржиме нашите сојузници да се приклучат на нашите напори да ја ставиме демократијата во центарот на меѓународните односи. Унапредувањето на демократските принципи и заштитата на човековите права се, навистина, во интерес на сите наши сојузници, додаваат сенаторите.

Покрај Менендез, писмото го потпишаа и демократските сенатори Бен Кардин од Мериленд, Тим Кејн од Вирџинија, Шелдон Вајтхаус од Род Ајленд, Брајан Шец од Хаваи, Џеф Меркли од Орегон, Рон Вајден од Орегон и Шерод Браун од Охајо.