Како што информираат од МТСП, на денешниот состанок на кој присуствувале првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, претставници од УНИЦЕФ, Институт за јавно здравје, МТСП и фармацевтската компанија Ново Нордиск, министерката Шахпаска посочила дека уште поважен е процесот на прифаќање и едукација на вработените во градинките, родителите и децата за важноста и потребата од исфрлање на лошите навики во исхраната и поголем внес на свежи и здрави намирници.
На состанокот, како што стои во соопштението од МТСП, првата дама, осврнувајќи се на нејзината професионалност, стоматологијата, посочила дека оралното здравје е значаен елемент во зачувувањето на општото здравје, и според неа, за тоа најважна улога има токму исхраната.
Претставниците на фармацевтската компанија Ново Нордиск Свесни истакнале дека се свесни оти за успех на проектот најпрво е потребно запознавање, едукација, прифаќање, па дури потоа доаѓаат промените.
Соговорниците изразиле подготвеност за плодна соработка во периодот кој следува и уверување дека овој проект нема инстант резултати, но, предвидува долгорочни резултати во однос на здравјето на децата. Преку овие промени, како што велат, ќе се превенира дијабетот, кариесот, обезноста, што земаат сè поголем замав меѓу најмладата популација. Затоа што, присуството на овие состојби покажува дека постои одредено ниво на неизбалансираност на исхрана кај најмладите. Ова е сериозен предизвик за кој е потребен сериозен пристап.