– Онаму каде што гледаме дека има потреба да се интервенира, го појачуваме превозот. Ние ги влечеме параметрите секојдневно, буквално секој ден, од аспект на број на билети и патници. Се уште превезуваме за околу 60 проценти помалку патници, отколку што сме превезувале пред пандемијата, рече градоначалникот на прес-конференција во одговор на новинарско прашање околу непочитувањето на антиковид мерките во автобусите.
Шилегов рече и дека автобусите на линијата број 2 возат по редовниот, а не по саботниот возен ред, и доколку постои потреба, во шпицовите и таму се појачува превозот.
– „Двојката“ работи по редовниот, а не работи по саботниот возен ред и велам во шпицовите и се појачува. Апсолутно има доволно контроли, зголемени се и бројот на казните и патници кои не ги плаќаат билетите. Меѓутоа, за жал, не постојат механизми како да ги отстраниме тие патници, да речам, што не носат маски или што не се придржуваат на препораките на Комисијата за заразни болести. Ние можеме да ги отстрануваме само патниците кои немаат патен билет, додаде тој.
Прашан зошто Жичарницата кон врвот на Водно не работи во време на пандемија, скопскиот градоначалникот посочи дека никаде во светот жичарниците како гондолии не функционираат, затоа што таму не може да се предвидат минимум безбедносните услови и протоколи.