На средбата, стопанствениците од Визбегово на Шилегов му ја предочија голема важност за изградбата на клучката на булеварот Словенија, каде наскоро ќе започнат градежните работи. Со клучката и пробивањето на булеварот Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколницата во правец на Косово, ќе се овозможи посилен економски развој на овој дел од градот.
-Со изградбата и проширувањето на булеварот Никола Карев, како и со изградбата на мегапроектот кај Момин Поток, се отвораат големи можност за нови работни места и подобрување на локалната економија во Визбегово. Како градоначалник на Град Скопје потенцирав дека ќе продолжиме со вложувањата во инфраструктурата затоа што приоритетите на граѓаните и бизнис заедницата секогаш ни се на прво место, посочи Шилегов на состанокот.