-Деновиве со голема загриженост ја следиме безбедносната ситуација на руско-украинската граница, рече новиот германски канцелар во обраќањето пред Бундестагот.
Тој додаде дека за оваа тема денеска попладне ќе се разговара на Европскиот совет и на самитот на Источното партнерство на Европската унија.
-Доколку сите сè уште не разбрале, дозволете ми сега да го повторам тоа што го кажа и мојата претходничка на функцијата. Секое нарушување на територијалниот интегритет ќе има цена, и тоа висока цена, рече Шолц.
Западот се сомнева дека Русија подготвува нова инвазија на Украина и распоредува сили на заедничката граница.
Кремљ ги отфрла овие обвинувања и тврди дека на Русија и се заканува НАТО, кој го вооружува Киев.