Синоќа Шоле беше во посета на Косово каде што се сретна со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.
Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле доаѓа од Приштина во посета на Белград на средба со српското раководство. Од енергија до дијалогот со Приштина ќе бидат главните теми на разговор, соопшти претходно Стејт департментот. Спрскиот претседател Александар Вучиќ Шоле го окарактеризиза како посветен, сериозен и важен човек и како што рече иако разговорот нема да биде лесен, верува дека посетата на Шоле ќе создаде подобри односи меѓу Србија и САД. За дел од познавачите на состојбата американска дипломатска иницијатива е поврзана со интересите на САД и дистанцирање на регионот, особено на Србија, од Русија, во контекст на војната во Украина.
За тамошните медуими тој изјави дека САД целосно го поддржуваат предлогот и напорите на европските партнери со цел да се постигне правно обврзувачки договор, а дијалогот е вистинскиот начин да се дојде до таму. И тој и Специјалниот пратеник на САД Габриел Ескобар изјавија дека Заедницата на српските општини е законска обврска на Приштина и дека таа не може да избегне ратификуван договор и меѓународна обврска.
Според косовската претседателка Османи Американската вклученост е клучна за исходот од дијалогот со Србија, но посочи дека Белград претставува дестабилизирачка сила и закана за одржливиот мир во регионот со поддршка на Русија.