Во соопштението на РФЕФ се вели:

-Тестовите за потврда на ПЦР извршени во среда, 9 јуни, дадоа негативен резултат. Контролната анализа спроведена неколку часа подоцна го потврди резултатот претпоставувајќи дека тестот направен во вторникот бил “лажно позитивен”.

Дефанзивецот на англиската Премиер лига, Лидс, беше втор позитивен случај во шпанската репрезентација откако во неделата вечер беше објавено дека е заразен капитенот Серхио Бускетс. Диего Љоренте беше ставен во изолација по првиот позитивен тест, но сега кога вториот тест е објавен како негативен, тој може да се врати во националниот тим кој го игра својот прв натпревар на Евро во понеделник во Севилја против Шведска.

-Фудбалерот повторно ќе биде тестиран со ПЦР во четврток и петок. Ако резултатот и тогаш биде негативен, Диего Љоренте ќе се приклучи на националниот тим во петок попладне, додава РФЕФ.

Другите играчи на Ла Роје исто така ќе бидат тестирани и сите резултати ќе бидат познати во текот на целиот ден. По објавата дека Бускетс и Љоренте за позитивни, шпанската влада одлучи да ја вакцинира целата репрезентација пред почетокот на Еврото.