– Срамота е што германското претседателство не беше во можност да го реши овој проблем. Владеењето на правото е клучно прашање, додаде таа во писмен коментар, додека траеше онлајн панелот „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Да се даде приоритет на владеењето на правото и реформите во судството“, на кој учествуваат потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Во однос на владеењето на правото што беше една од клучните теми на панелот покрај процесот на проширување, Штајнакер оцени дека „политичките елити во Западен Балкан главно не се заинтересирани за функционирање на владеењето на правото, бидејќи тоа може да ја загрози нивната моќ“.

– Што треба да биде различно во пристапот на ЕУ во иднина за справување со кризата на владеење на правото во Западен Балкан, праша поранешната германска амбасадорка.