Вакциналниот пункт за масовна вакцинација во Општина Штип, каде ќе се вакцинираат сите граѓани од источниот регион:

– 22 пункта за вакцинација, опремени со масичка за лекови и 2 столчиња за граѓани/персонал
– 80 столчиња за набљудување после вакцинација
– пункт за припрема на вакцините
– пункт за прва медицинска помош
– приемен дел за отворање на вакцинален картон
– заверка после вакцинација
– разделен дел за влез и излез за вакцинација
– паркинг места за сите кои доаѓаат за вакцинација
– поставени сообраќајни патокази низ градот, за насочување кон пунктот за масовна вакцинација за сите кои не се жители на Општина Штип или незнаат каде се наоѓа пунктот.

Вакциналниот пункт за масовна вакцинација во Општина Штип, каде ќе се вакцинираат сите граѓани од источниот регион:

-…

Posted by Д-р Сашко Николов on Sunday, April 25, 2021

Градоначалникот на Штип информира дека во тек на утрешниот ден, директорите на КБ Штип и Здравствен Дом Штип, ќе спремаат распоредот за персоналот кој ќе биде одговорен за вакцинација.

– Благодарност до приватниот сектор, кој несебично помага на граѓаните на Општина Штип. Во време на ваква светска пандемија, покажавме дека штипјани се солидарни и хумани граѓани кои сплотено и заедно си помагаат еден на друг, напиша Николов на Фејсбук.