Што го загадува Скопје?
Секое зимо исти проблеми. Скопје е втор најзагаден град во Европа, а по глава на жител сме први во Европа по смртни случаи предизвикани од аерозагадување. Според истражувањето над 3.400 луѓе годишно умираат од аерозагадувањето. Воздухот во затворени простории е уште поопасен, на удар сме сите, а особено децата од градинките и од училиштата.
Пишува: Никола Николовски
Искрено, скептик сум дека нешто ќе оди на подобро. И малку простор каде што имаше и таму згради никнуваат како цвеќиња, а проблемот е многу поголем. Да елаборираме. Причините за високата аерозагаденост се во природната положба и човековите влијанија. Според истражувањата и природните услови, поставеноста и положбата, во скопската котлина има „еко-капацитет“ за град со најмногу 200.000 жители.
Големата концентрација и циркулација на возила во централното градско подрачје, доведува до долготрајно задржување на издувните материи (чад, прашина, гасови). Нашиот возен парк е без еко стандарди. Половина од регистрираните возила во Македонија, бројка над 200 илјади, нема исполнето еуро 0 и еуро 2 стандарди, што значи немаат катализатори за издувните гасови и испуштаат штетни материи. Истражувањата говорат дека од возилата во Скопје дневно се исфрла преку 300 тони јаглерод диоксид. Немаме ниту еколошки возила за јавен превоз. И тој што го имаме е ужас.
Тука е и непланираното и неконтролирано градење. На загадувањето на воздухот влијае и специфичната местоположба. Големите згради и блокови се сместени во вдлабнатини и долини. Овде е и недостатокот на безбедни велосипедски стази и подземни пешачки премини, немање на навика и безбедни можности за користење на велосипеди.
Секако тоа не е се. Овде спаѓа и греењето на дрва (според некои анализи најголем проблем).
Согорувањето на нафта и мазут се извор на загадување во текот на целата година. Индустријата загадува. Електроцентралите немаат уреди за десулфуризација итн.
Листата нема крај, проблемите сите ги знаеме. Не е време за бистрење политики, туку за конкретни и брзи мерки!
Боемот 2.0
View this post on Instagram