Маските ќе мора да се носат во поголем број затворени простори, а само вакцинираните или оние кои го прележале коронавирусот ќе можат да одат на разни настани.
Властите исто така ја проширија употребата на ковид сертификатите, кои се потребни за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.
Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението и се додава дека за собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, се препорачува да се воведе употреба на ковид сертификат.
Новите мерки ќе стапат на сила од 6 декември и ќе траат до 24 јануари.
Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта Омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.
Земјата со 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.