Уапсен е жител на Кочани (60) под сомнение дека насилно му зема пари на 54-годишен сограѓанин, откако тој ги подигна од банкомат.

Според МВР, вчера попладне во 17:15 часот полициски службеници од ОВР Кочани го уапсија М.Ѓ. (60) од Кочани.

Претходно, Д.М.(54) од Кочани ги подигна парите од банкомат во близина на автобуската станица во Кочани, по што 60-годишникот му ги зема со употреба на сила.

За настанот бил известен јавен обвинител.

По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат соодветна пријава.