Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтерова скала го погоди регионот на островот Кермадек, северно од Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Институтот ја ревидираше почетната јачина на земјотресот, која беше 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површина на земјата.

Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека не се очекува земјотресот да предизвика големи бранови.