Претседателката Гордана Силјановска Давкова на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин направи заедничка фотографија со украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Клучна цел на настанот, кој на едно место обединува шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор, е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина“, порача Силјановска Давкова.

Берлин е домаќин на голема конференција за обнова на Украина, која има за цел да испрати нова порака за солидарност со Киев и подготвеност да му помогне во тоа. За воената помош за Украина се разговараше и во Латвија, на самитот Б9, групација која ги обединува источните и балтичките членки на НАТО.