„Здружени со иста цел“ е мотото на синдикалниот марш во Скопје со којшто Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај во услови на здравствената криза од вирусот Ковид-19.
Маршот ќе почне пред зградата на ССМ во 10.30 часот, како што најавуваат од ССМ, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од Ковид -19.
– Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата, наведуваат во соопштение од ССМ.