Професорот Самоил Малчевски по контроверзните прашања од прирачникот од програмата „Образование за животни вештини“ за средно образование пишува на социјалните мрежи дека „системот е окупиран од самопрогласени експерти. Можеби прирачникот е од пред 10 години но `експертите` се исти и денес“.
„Бешка и Чешларов се `експертите` кои стојат позади експериментот врз нашите деца наречен Концепција за основно образование на Мила Царовска! И да, кога ќе кажам лидерот во неуспешни образовни `реформи`, да тоа е Бешка, `експертот` кој стои позади сите експерименти во Македонскиот образовен систем почнувајќи од првиот `Чекор по чекор` на почетокот на деведесеттите години“ пишува Малчевски.
Тој смета дека „системот е трул, токму зошто е окупиран од самопрогласени `експерти` желни за хонорари“.
Додава Малчевски дека на системут му треба вистински рестарт, а не козметички промени.
„И да, треба одговорност и забрана за вршење на дејност на `експертиве` желни за хонорари“, пишува Малчевски.