Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со предумисла.
Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.
За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред два дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица, повторувајќи ја фразата „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, по што интервенираше обезбедувањето на Претседателот.
Полицијата по инцидентот го уапси Тарел, за кого истражувачите велат дека не и бил познат на полицијата пред инцидентот, а приведен е и неговиот пријател, кој го снимил инцидентот.
Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.