Полициски службеници синоќа го уапсиле Б.П.(31) од Скопје.

Како што информираат од МВР за Курир, лицето било уапсено околу 01.20 часот на улица „Народни херои“ во Кисела Вода.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(31) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, велат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.