Скопјанец пронајден починат во парк во Карпош.
На 19 април 2025 година, околу 06:10 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во парк на подрачјето на Карпош, бил пронајден починат маж. Идентификуван е како Ф.Џ., 45-годишен жител на Скопје.
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
Лекар од Итна медицинска помош пристигнал на местото на настанот и констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за понатамошно утврдување на причините за смртта. Властите продолжуваат со истрагата.
Извор: Курир