На 08,11.2026 во 00.49 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, лишен од слобода е И.С.(40) од Скопје.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „ауди“ кое, тој го управувал и, при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,20 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител, одземено е неговото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.