Програма за современ транспорт и еколошки решенија

Од Скопје ќе создадеме европски град, метропола каква што заслужува да биде, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочува дека програмата на партијата нуди урбани транспортни решенија кои ќе го унапредат јавниот превоз, обезбедувајќи пристап за сите граѓани и намалување на метежот.

„Нудиме современ систем за ефикасна транспортна мрежа, кој ќе го подобри движењето во градот и ќе овозможи побрз и поудобен превоз за сите“, наведува Николоски.

Конкретни мерки за подобрување на сообраќајот

Според Николоски, проектот предвидува:

-Градски воз

-80 нови еколошки автобуси

-Нови вело патеки

„Со Даме сето ова ќе го постигнеме заедно. Скопје заслужува развој“, додава Николоски, нагласувајќи дека целта е метрополата да стане современ, урбан и еколошки град.