Скопјани и утрово дишат загаден воздух. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, а шести во светот, со индекс на загадување од 173.
Најзагаден град е Сараево, а по него следуваат Лахор, Делхи, Кувајт, Скопје, Каиро,Мумбаи, Катманду и Ријад.
Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.