Од скопското обвинителство информираат:
– По претходен меѓусебен договор, на 1 јуни 2021 година, додека соизвршителот пред влезот на зградата внимавал да не наиде некој, осомничениот влегол во стан на оштетените. Додека во станот спиеле оштетените – мајка и ќерка, украл две женски чанти, паричници и документи. Притоа, една од оштетените се разбудила и го забележала осомничениот кој веднаш го напуштил станот. На сличен начин, била извршена тешка кражба и на 5 јуни 2021 година. Додека соизвршителот внимавал, осомничениот се прекачил преку балкон во станот на оштетените, влегол и украл ташна во која имало паричник и други предмети
Со дејствијата кои ги презел, осомничениот сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, додават од обвинителство. Надлежниот јавен обвинител во насока за натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, за овој осомничен до Судот поднесе Барање за определување на мерката притвор.