-Вчера во 16,45 часот во СВР Тетово пријавено е дека во електричен трансформатор поставен во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, без знаци за живот бил пронајден 38-годишниот тетовец А.У. Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По наредба на Јавниот обвинител тело на починатиот било предадено на семејството.