– Преку ноќ за само неколку дена се отидени над 25 милиони евра од буџетот, никој нема контрола врз буџетот. Ние денеска од базниот производител немаме електрична струја, се снаоѓаме како можеме од европската енергетска мрежа, но тој таксиметар само отчукува и плаќаме казнени цени кои ниедна земја во Европа не ги плаќа за набавка на електрична енергија, рече Славески.

Славески говорејќи и за буџетот за наредната година истакна дека тој е проектиран погрешно на превисоко проектиран раст со кој не се согласува ниту Народна банка, и тоа ќе доведе само до зголемување на јавниот долг, а доказ за тоа се економските индикатори.

– Растот е превисоко проектиран, а врз него се проектираат приходите. Затоа Буџетот е проекетиран погрешно и нереален, а тоа ќе доведе до поголемо зголемување на јавниот долг. За буџетот за наредната година основа е оваа година, а сега имаме пад на индустриско производство во од 8%, пад на градежништвото е двоцифрен, и во тој случај тргнуваме од позиција дека економијата не се наоѓа во добра кондиција и поради ковид кризата и светската економија, значи дека не може да се надеваме на тој раст кој го сакаат, нагласи Славески